Во потрага по одговори, знаење и смисла се појавуваат вистинските одговори. Клучот го пронаоѓаме во самите себе само не треба да дозволиме да не надмине стравот. Храброста да постанеме мотивирани е во секој чекор што е пред нас. Процесот за фокусираност на иднината е со поставување на наши цели и замисли. Скоро објавениот мотивациски прирачник „За сечие дете“ е под ракопис на Тања Брковска тренер за личен раст и развој. Кој дел од својот живот го запиша на лист хартија. Вели дека, овој мотивациски прирачник во него може да се пронајде секој. Бидејќи, содржи дел од работите кои што ние веќе ги знаеме, а сака да не потсети дека сите ние треба да живееме еден слој автетичен живот.
„Треба да разбериме дека животот носи многу непревидливости но, сепак треба да се бориме за да успееме. По смртта на мојот сопруг кој го изгубив на 28 години беше најтешкиот период во мојот живот. Но, мотивацијата мора да постои и да се продолжи напред. Бидејќи, ние сме креатори на живот“. Изјавува, Брковска
Соочувајќи се со многу ситуации низ животот надеж за подобра иднина. На прашањето како овој мотивациски прирачник може да им помогне на друѓите луѓе?
„Мотивацискиот прирачник може да помогне на многумина да се пронајдат во него. Станува збор за многу ситуации на кои сме биле самите себеси сведоци. Научете како да живеете бидејќи, ова што го живеете не е генерална проба, ова е токму тоа се нарекува живот. Основната порака „За сечие дете“ е таа која се однесува на животот. Да не се концентрираме на минатото бидејќи, не можеме да го смениме тоа припаѓа таму кај што е. Да научиме да живееме сега и овде. Изјавува, Брковска
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет
