
Вибрации, прашина, мостот веќе попушти, а опасност е дека може да се повреди и некој пешак, не дај Боже некое дете – вака Драги Илиев од Кочани опишува еден момент кога накај браната Градче поминува возило тешко 30 тона. Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека во последните неколку дена тешка механзиација секојдневно се движи по овај пат, мостот е веќе попуштен, а пред две недели биле оштетени и кабли. Стравува за својата но и за безбедноста на граѓаните кои живеат во близина на местото викано Бавчалук во Кочани, оти тешката механизација минува а одговорност за последиците не носи никој.
„Нивните камиони они се товарени 30 до 35 тони, нивниот камион кога минува има вибрација на мостот, веќе е попуштено. Пред некои 15 дена помина нивни камион скинаа кабел и избегаа. Ако е имало некое дете можело е да го утепа. Кај нив нема никаква одговорност, нивните камион кога минат прашина, вибрации, страшна работа“ – вели Илиев.
Тешката мехнизација по овој пат се движи заради активности за изградба на минихидроцентрала на Мала Река. Граѓански активнисти протестираа и денеска оти како што посочуваат патот не е за толку тешки возила и истиот ќе биде оштетен. Граѓаните повикаа надлежните институции па преземат одговорност и да бидат санкционирани сите кои ги злоупотребиле своите положби.
Лаура Стојанова М-Нет