Мостот на река Брегалница стои со оштетена ограда по сообраќајна незгода, кога ќе се реагира?

Голем отвор односно прекин на оградата на таканаречнеиот нов мост во Штип опасност за пешаците и возачите. Граѓаните регираат бидејќи како што велат веќе подглго време оградата на мостот не е поправена и стои во таква состојба. Со тоа под знак прашалник се става безбедноста на сите учесници во сообраќајот кои се движат во овој дел од градот. Прашуваат до кога делот од мостот каде што оградата е оштетена ќе стои непоправена само обележана дека е небезбедна. Прањата од граѓаните ги упативме до надлежните институции. Од ЈП Стипион истакнаа дека за проблемот знаат и соодветно ќе реагираат. Директорот Игор Ефтимов во телефонски разговр за М-Нет телевизија истакна дека на овој мост во изминатиот период се случиле околу десетина сообраќајни незгоди и заради тоа оградата е прекината. Додава дека во најбрз можен рок истата ќе биде санирана, а дополнително во координација со сообрачајната полиција овде се планира да се постави таканаречен лежачки полицец. Со тоа ќе се ограничи брзината на движење на автомобилите и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

Санацијата на оградата ќе ја изврши Општина Штип на свој трошок, но потоа преку граѓанска постапка општината ќе бара од лицата кои учествувале во сообраќајни незгоди и придонеле за уништување на оградата да ги платат трошоците.

Лаура Стојанова М-Нет