Каменичкото еколошко здружение „Здравец 2002“ после надоаѓање на јаловина во Каменичка река одлучи да врши мониторинг на квалитетот на водата во неа и дали има присуство на тешки метали. Овој проект е во заедничка соработка со цивика мобилитас што се е предвидено да се реализира.
Во проектот мониториг на каменичка река се предвидени повеќе активности од тие најзначајни се: вршење на анализа на каменичка река од тешки метали и други принеси, екопатрола од членовите на еколошкото друшво, зелен телефон на кој можат да се јавуваат граѓаните и е ставена една мобилна апликација траш тракер на која со своите мобилни телефони можат диретно да поставуваат фотографии. Овој проект ќе трае 12 месеци предвидено е на крајот од проектот да се идаде една брошура каде ќе бидат изнесени сите анализи направени во тие предвидени 12 месеца. Миран Митревски – еколошко друштво „Здравец “ М.Каменица
Како еколошко друштво основна карактеристика и нивен ангажман е да внимаваат што се се случува со природата и доколку се воспостави некоја грешка од некој тие со своја сугестија да потсетат дека животната средина е во опасност и треба да се преземе нешто за корекција.