
Од работа на терен до смртен исход. Слаѓан Михаиловски од Општина Ранковце го загубил неговиот брат, кој работел преку скопска фирма на терен во Република Чешка. Пред повеќе од една година се случил настанот, а до денеска како што вели Михаиловски нема никаков одговор од обвинителството. Тој преку адвокати ја тужел фирмата, бидејќи како што вели има неправилности поради кои дошло до несреќата во која загинал неговиот 26 годишен брат.
„Ми загина брат во Република Чешка. Фирмата беше од Скопје, во која брат ми беше вработен, по нивна вина беше се тоа што се случи. Имам пуштено тужба прелу адвокати за тужење на фирмата , до сега нема ништо од обвинителството. Ме интересира зошто, што е причината, зошто се уште нема постапка, немам никаков одговор.“ – вели Михаиловски.
Михаиловски бара правда, бара одговори од страна на обвинителството. Вели без разлика каков ќе биде одговорот важно е да го добие.
„Од фирмата велат дека е несреќен случај. Од обвинителството јас немам никаков одговор, решение или било што.“ – додава Михаиловски.
За случајот одговор побаравме и од Јавното обвинителство. Од таму првично одговорија дека се надлежни за кривични дела сторени на територијата на нашата држава. Но, подетални информации се очекуваат во наредниот период.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет