Мразот ги остави земјоделците без род – од четири тони слива, годинава само 250 килограми

Мразот ги остави земјоделците без род – од четири тони слива годинава само 250 килограми.

Иако бербата е слаба, сливите сепак се наоѓаат на тезгите на пазарите, но со значително намалени количини. Ристе Николов од радовишко, на самиот почеток на сезоната, ги изложи своите сливи, објаснувајќи ја тежината на ситуацијата. И покрај слабото производство, тој ги продава по пристапна цена.

,,Производството е од Радовиш село Воииславци, тоа е наше производство. Господ толку ни остави, ни измрзнаа овошките. Цветот измрзна уште рано. Пробавме да продаваме по 120 денари, ама по тешко се продава, затоа дојдовме на 100 денари, за да бидат задоволни и купачите но и ние производителите. Некогаш берев po 4 тони, а сега набрав само 250 килограми.“, рече Николов

Oва е прва година во која земјоделците останаа без род, вели Николов, но сепак во него останува надеж дека ќе егзестира од останатите земјоделски култури.

Инаку, ова е само еден од многуте примери како неповолните временски услови го одземаат животот и егзистенцијата на домашните земјоделци, кои и покрај тешкотиите продолжуваат да се борат за својот род.

Иван Митев, М-Нет