
Речиси 50 пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постоти ама ретко се пријавува, бидејќи вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење.
„Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор- изјави Ампева.
Државниот трудов инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапува по добивањето на пријавата.
До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, преставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците – изјави Серафимовска.

Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место.
Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, 6 месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно- изјаво Цветковска.
Во состојба кога работодавачите бараат работник повеќе, најмалку е потребен мобинг или кршење на друг вид права од работен однос.
Лаура Стојанова М-Нет