Младост УГД се засили со Невена Видојевиќ од БиХ

Штипскиот прволигаш Младост УГД за новат сезона 2026/2027 се засили со Невена Видојевиќ, искучен примач од Босна и Херцеговина. Новото засилување носи големо исксутво, Видојевиќ е родена 2001 година, а досега настапуваше за Гацко во босанскиот шампионат, во Србија настапуваше за екипите на Црвена Звезда, Спартак, Раднички Бластерс, во Црна Гора беше дел од екипата на Лука Бар, а свои настапише имаше и во Романија, Словенија и Словачка.

Висока 192 сантиметри, Видојевиќ ќе биде големо засилување и ќе биде важна алка за тимот од Штип. Низ својата кариера има освоени првенства, титула и медали.

Од клубот истакнуваат дека продолжуваат да го градат составот чекор по чекор со јасна амбиција да ги постават целите повисоко. Дефинитивно Младост УГД во новата сезона ќе биде конкурентен за висок пласман.

Александар Ванев, М-Нет