
Во пресрет на 12 август – Светскиот ден на младите, она што, за жал, може да се констатира е дека тие сѐ повеќе се иселуваат. Последниот Попис покажа дека имаме намалување од околу 200.000 население, а бројот на родени деца во странство од наши државјани се зголемува, додека во земјава се намалува. Ова го посочи и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
„Ако само споредиме дека во 2002 година, кога беше претходниот последен Попис, имаше 2.020.000 жители, а денес имаме 1.837.000, гледаме дека веќе имаме намалување за околу 200.000 население. Меѓутоа, ако ги во тој дваесетгодишен период ги земете бројот на родените деца, бројот на починатите деца, ќе видите дека тамусепак имавме позитивен прираст и требаше да имаме поголем раст кај населението. Од друга страна, ако ги земете податоците коишто ги објавуваме секоја година за родените деца во странство од наши државјани, ќе видите дека таму рапидно расте овој податок, а се намалува во земјава. Кажува дека луѓето се иселуваат, се иселуваат младите луѓе“, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
Инфраструктурата, вработувањето, ниските плати се најчестите причини поради кои младите одлучуваат да заминат. Пад на невработеноста кај младите во земјава има, но сме далеку од европскиот просек. Сепак, државата не прави доволно за да ја поправи ситуацијата. Ниту 0,3% од државниот буџет и 0,1% од локалните буџети не се користат за политики за млади.
„Во однос на финансирањето на младинските политики, за жал, не се издвојуваат доволно средства за да се поддржат политиките за млади. Иако Законот за младинско учество, предвидува дека 0,3% од државниот буџет и 0,1% од буџетите на ЕЛС ќе одат кон политики за млади, тие бројки не се остваруваат. Дополнително, тешко е и да се утврди колку се вложува во младите, затоа што нема начин да се води јасна статистика. Секоја локална самоуправа требаше да има формирано Локален младински совет, но само шест се формирани од вкупно од вкупно 81 локална самоуправа“, вели Дона Костуранова.
12 август како Светски ден на младите е прогласен од Обиденетите нации во 1999 година и се однесува на сите млади луѓе ширум светот од 10 до 24 години.
Ребека Спасова М-Нет