
Младите да се вратат на село – обид за помош на Владата или реалност која може да се случи. Согласно новата мерка на Владата се предвидува 100 илјади евра да добијат млади брачни парови кои ќе се вратат да живеа во село и ќе станат земјоделци. Оваа финансиска поддршка од Владата треба да им помогне на младите да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток. Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години. Но, колку е ова возможно во практика. Мнозинството анкетирани граѓани на терен во Штип велат дека тешко во денешно време младите да се вратат да живеат и работат на село.
„На село никојпат нема веќе да се вратат. Селата тие што се поблиску до градот можеби ќе опстанат, тие што се подалеку нема шанси.“ – велат граѓаните.
Во меѓувреме, поддршка на ваквата мерка од страна на Владата дадоа и од Националната земјоделска мрежа. Од таму децидни дека со оваа мерка треба да бидат опфатени поголем број на млади, кои ќе работат земјоделие и ќе прозиведуваат.
Ова мерка е дел од новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и е даден на увид на јавноста, чија цел е заживување на руралните средини и стимулирање на земјоделците да се здружуваат за да станат поконкурентни.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет