
Младите борачки на БК Балканец вчера учествуваа на Меѓународниот турнир во Качаник, Косово. Златен медал освои Марија Цветанова, сребрен медал освои Анабела Данилова, додека бронзени медали освоија младите Клара Спасовска и Мила Данилова.
Екипата на Балканец беше предводена од тренерите Горан Стојанов и Ангел Стефанов, како и меѓународниот судија Даниел Илиев.
