Младинските школи на Брегалница се фудбалскиот расадник за иднината на штипскиот фудбал

Викендот што е зад нас го означи стартот на фудбалските возбудување на младите фудбалски надежи на Македонија. Започна првенството за помлади Пионери, Пионери, Кадети и Младинци во кои рамноправно настапуваат и штипските таленти.

Според координаторот на Младинските школи на Брегалница, Борче Постолов, чест и задоволство е на тренерскиот кадаr и пред се на младите фудбалери да се натпреваруваат во друштво на своите врсници од екипите Вардар, Работнички, Шкендија, Академија Пандев, Ренова, Шкупи, Победа, Пелистер…..

Во првото коло силите ги одмерија соодветните селекции на Шкендија и на Брегалница. Во Тетово Кадетите одиграа нерешено 0:0 додека Младинците на Шкендија победија со резултат 5:0.

Во Штип Помладите пионери на Брегалница и Шкендија одиграа нерешено 2:2, додека пак Пионерите на Шкендија славеа со резултат 0:3. Координаторот Борче Постолов и покрај се е задоволен од стартот во првенството од едноставна цел што во оваа лига крајниот пласман се одредува врз основа на учинокот и резултатите на сите 4 екипи.

Младинските погони на Брегалница имаат одлични услови за работа, за тренинг и за подготовки, постои цврста координација со тренерите на Брегалница Добринко Илиевски и на Кит Го, Емил Грнев бидејќи основна зацртана цел е од овие таленти да се подготвува и креира идниот потенцијал за двете сениорски екипи.

Веќе неколку имиња како Матеј Георгиев, Љупче Кудев, Давид Милошев, Марио Аџиев и уште некои други со својот талент веќе фигурираат на списокот на младите репрезентативни селекции на Македонија.

Во следното второ коло се среќаваат соодветните селекции на Академија Пандев и на Брегалница, во сабота во Струмица ќе играат пионерите и помладите пионери а во недела на теренот во Бело Брдо ќе се сретнат кадетите и младинците на Брегалница и на Академија Пандев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk