Млади, студенти, деца на плоштадот во Штип и пукање со огнено оружје, колкава е безбедноста на граѓаните

Пукање со огнено оружје во центарот на Штип, на плоштадот Слобода, каде во најголем дел од денот, но и во вечерните часови има голем број на луѓе, млади лица но и деца. Од овде се поставува и прашањето колкава е безбедноста на сите кога се случуваат вакви инциденти. Мнозинството анкетирани граѓани во Штип согласни дека безбедноста, нивна, но и на нивните деца е ставена под знак прашалник. Додаваат дека мора да се стави крај на ваквите инциденти во кои се загрозени човечки животи.

И денеска ден по случувањата на плоштадот во Штип имаше голема раздвиженост. Дел од граѓаните ги завршуваа своите секојдневни обврски, имаше студенти како и повозрасни лица. Најголем дел од нив не се сеќаваат на вакви инциденти во центарот на градот. Децидни дека многу треба да се работи за да се зголеми нивото на безбедноста.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет