Убиениот турски државјанин и убиецот не биле студенти на УГД Штип

Според информации на М Нет-ТВ убиениот турски државјанин не бил активен студент на штипскиот универзитет Гоце Делчев. 25 годишникот кој вчера беше застрелан во угостителски објект на плоштадот во Штип, овде дошол со намера да заврши факултет. Во 2022 година се запишан на УГД Штип, но веќе од наредната година, односно од 2023 година тој не е активен студен на овој универзитет. Убиецот, исто така, не е студент на УГД.