
Група од десет млади планинарски ентузијасти од Македонија викендов го искачија врвот Митикас, на планината Олимп во Грција. Младите ентузијасти од Штип, Кочани, Струмица и Скопје, група Хајкинг кру со доста напор и труд, но и силна желба го искачија врвот висок 2.918 метри надморска восочина, највисокиот врв во Грција и втор врв на Балканот. За М-Нет телевизија посочуваат дека временските услуви овојпат биле задоволителни и во нивна полза за да стигнат до врвот. За време од три часа се качиле од Планинарскиот дом од 2100 метри до врвот од 2.918 метри.
Се тргнува од еден паркинг што се наоаѓа на 1100 метри надморска височина кон Планинарскиот дом кој се наоѓа на 2100 метри надморска височина. Вториот ден тргнавме од Планинарскиот дом кон врвот Скала на 2882 метри надморска височина, а потоа кон врвот Митикас. До врвот Скала е поприлично лесно планинарење со пешачење. Најголемиот предизвик е делот од врвот Скала до врвот Митикас на 2918 метри каде што има спуштање па големо искачување на карпест предел. – додаваат за М-Нет телевизија младите планинарски ентузијасти.
За поголем дел од нив ова е највисок искачен врв досега.
Лаура Стојанова М-Нет