
Кочани со низа активности се подготвува за одбележување на Петровден патрон празникот на градот. Со вечерната богослужба која е закажана за утре во црквата Свети Великомаченик Горгиј во Кочани практично започнуваат активностите со кои градот ќе го прослави својот патрон празник. За во текот на утрешнот ден е предвидено кршењето на славскиот колач во градскиот парк, а закажани се и културни насатани.
„Во пресрет на Петровден, утре 11 јули во црквата во Кочани ќе се одржи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува митроолитот брегалнички, господин Иларион. Во 18:30 часот ќе има литија и кршење на славскиот колач во градскиот парк, додека во 19 часот во просториите на ЈУБ Искра Кочани ќе биде отворена изложбата под наслов „Свети Петар и Павле“ – од Влатко Анчов од Кочани.“ – вели Карова.
Празникот Петровден започнува со света литугрија во кочанската црква, а градоначалникот Љупчо Папазов ќе оставри средба со најдобрите ученици. Ќе се прогласат и најуспешните од петровденскиот турнир во мал фудбал.
„На 12 јули Петровден во 8 часот во црквата ќе се одржи света боженствена литургија, во 11 часот во Мултикултурниот центар градоначалникот Љупчо Папазов ќе има средба со најдобрите ученици, во 19 часот ќе се одигра финалето и ќе бидат прогласени најуспешните од петровденскиот турнир во мал фудбал и вечерта во Паркот на револуцијата од 20:30 часот ќе се одржи концерт на групата ДНК.“ – додава Карова.
Петровденската програма започна на8 јули започна со меѓународниот фестивал на стари изворни влашки песни и ора кој се случи во саботата на Пониква, додека вчера се одржа 6 часа урбан здив, 3-тата регионална средба на љубители на винили со излагачи од регионот, настан кој беше придружен со концерти, настапи на диџеи и изложба на македонски музички плакати.
Настаните продолжуваат и траат до 16 кули. На 13 јули, со почеток во 19 ч., во салата на МКЦ ќе се одржи настанот под наслов „Метрички карван”, на кој ќе биде промовирана поетска збирка во издание на Библиотеката „Гоце Делчев” од Гевгелија. На 16 јули, Планинарскиот спортски клуб „Осогово” ќе го организир традиционалниот, 16. Петровденски планинарски марш. Заинтересираните ќе можат да се искачат до врвот Китка на Осоговските Планини.
Лаура Стојанова М-Нет