
За штипски Исар и градоначалникот Иван Јорданов поважно е да ги гасат пи ар пожарите предизвикани од неспособноста на ВМРО ДПМНЕ, отколку да си го исчистат сопствениот двор – потенцираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека додека возила од штипски Исар се праќаат во Скопје да собираат ѓубре, штипјани немаат вода за пиење , а полни се и контејнерите со смет.
„На Иван Јорданов и Локланата Власт предводена од ДПМНЕ приоритет им е да направт пи ар контрола на штетата предизвикна од нивната кандидатка и актуелна градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска. Додека цело Скопје се гуши во смрдеа и ѓубре нема ни збор за тоа што го создадоа, па мораа да ги обединат сите вмровски градоначалници за да замрчат очи како демек нешто се работи. Се истакна и нашиот градоначалник и нашето јавно претпријатие Исар. За нив е поважно да ги гаснат пи ар пожарите предизвикани од општата неспособност на вмровската Локлана власт на секаде, наместо конечно да си подзачистат буквално во сопствениот двор. Иван Јорданов и ДПМНЕ ги оставаат штипјани без вода за пиење, со преполни контејнери за што кажува и сликата пред нас.“ – велат од СДСМ Штип.
Во Штип собирањето на смет не е доведено во прашање, врати градоначалникот Јорданов. Вели дека ЈП Исар располага со доволно возила за да може да ги заврши обврските во Штип, но и да може да помогне во останатите општини со кои имаат соработка.

„Редовно се собираат кантите и контејнерите на територија на Општина Штип. Ние располагаме со седум возила за собирање на смет, само две беа пратени во текот на вчерашниот ден, така да не е доведено во прашање собирањето на смет во Штип“ – врати Јорданов.
Испратените две возила од ЈП Исар веќе се вратени во Штип, а целта беше да се помогне на скопски Аеродром да се справи со полните контејнери ѓубре.
Лаура Стојанова М-Нет