Младата и талентирана Бјанка Читукушева со прва самостојна изложба Мртва природа во Штип

Бјанка Читкушева вечерва ќе ја има својата прва самостојна изложба на тема „Мртва природа“, под менторство на м-р Верица Наумова. Изложбата ќе биде отворена во галеријата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, со почеток во 19 часот. Инспирацијата на талентираната Читкушева, како што вели таа, и биле предмети кои секојдневно ги среќаваме во реалноста, додека мотивацијата била желбата предметите да се насликаат на платно.

,,Инспирацијата за токму оваа тема беа и самите предмети коишто ги среќаваме во реалноста, техниката којашто е искористена на самите слики е акрал на платно, а мотивацијата за сликањето е желбата кон уметноста и самата желба да се оствари реалноста. За подготовка на сите овие слики околу 7-8 месеци. Многу значајно бидејќи сепак ова е мојата прва самостојна изложба, цртам, односно сликам од многу мала“, вели Читукушева

Наставничката по ликовно образование, м-р Верица Наумова, е особено среќна што како ментор на талентирана Бјанка Читкушева е вклучена во целиот творечки процес. Таа го следи нејзиниот развој повеќе од четири години, истакнувајќи дека улогата на менторот не е само да го пренесе своето знаење, туку и да го негува и надградува талентот на младите уметници.

,,Бјанка Читкушева е дел од ликовното ателје повече од четири години. Го следам како ментор нејзиниот талент, кој се надградува со нејзиниот потенцијал, односно желба за црртање, сликање. Секако дека е значајно ова за мене, како ментор не се подразбира само пренесување на моето знаење, туку негување на талентот преку нејзините слики. Цело време сум упатена во текот на целиот процес, бидејќи овој процес трае подолго време, неколку 7-8 месеци. Ликовната ателје има за цел да ги негува талентите, коишто ги има многу во овој град, и овде на оваа изложба не се само премдмети, вазни цвеќиња, во секој од нив е проткаена емоција“, кажа Наумова

Ликовното ателје ги негува талентите на младите уметници во овој град, меѓу кои и извонредниот талент на младата Бјанка.

Ева Тушевска, М-Нет