
Светскиот шампион во карате, Марко Џорлев, е добитник на највисокото општинско признание – 8 Ноемвриската награда за 2026 година, што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Штип. Одлуката ја донесе Советот на Општина Штип, кој ги утврди и добитниците на годинашните признанија „8 Ноември“, како ДПД Штип, ултрамаратонецот Тони Манев, талентираната ученичка Дора Милева, пејачкото друштво „Гердан“ и технолошкиот претприемач и иноватор Игор Илиевски. За животно дело добитник е Стојан Троицки, долгогодишен раководител на фестивалот на музика „Макфест“.
,, Денес советот со своја одлука одлучи на свечената седница по повод денот на ослободувањето на Штип како носител на 8 ноемвриската награда да биде Марко Џорлев, нашиот светски шампион во карте. Носители на признанија 8 ноември за 2026 година се ДПД Штип, потоа Тони Манев ултра маратеонец, Дора Милева талентиран ученик од областа на природните науки, пејачкото друштво Гердан од Штип и Игор Илиевски, технолошки претприемач иноватор. Исто така советот доенсе одлука од оваа година на секој 10 години да биде доделувана и награда за животно дело кое годинава ќе му биде доделена на Стојан Троицки, догогодишен раководител на фестивалот за музика Макфест.“, рече Панајотов
Изборот на добитниците на наградите и признанијата „8 Ноември“ траел околу два месеца, при што Комисијата ги разгледувала сите пристигнати предлози. Дополнително, откако Марко Џорлев стана светски првак во карате, Комисијата одржала уште една седница за да предложи тој да ја добие главната награда,
„Советот на Општина Штип на денешната седница донесе одлука со која се определија носителите на овогодинешната награда 8 ноември и признанието 8 ноември. Имено постапката која што течеше во последните два месеци околу предлагање кандидати, преку работата комисијата за награди и признанија се стигна до предлозите кои што денеска беа усвоени. Комисијата за награди и признанија имаше две седници. На првата седница беа дефинирани носителот на 8 ноемвриската награда и носителите на признанијата, меѓутоа во мегувреме дојде до ситуациајта во која што за среќа на Штип и Македонија добивме светски првак во карате во, тоа е Марко Џорлев и на тој начин сакајки комисијата да ададе конструктивен предлог, одржа уште една седница, по која што го дефинираше својот став и го предложи на советот.“, додава Панајотов
Добитниците на наградите ќе им бидат врачени на свечената седница по повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на Штип.
Иван Митев, М-Нет