Млад шпански фудбалски тренер почина од корона вирусот

Шпанскиот фудбалски тренер Франциско Гарсија почина од корона вирусот на само 21 година. Гарсија работеше со Атлетико Портада Алта тимот од Малага од 2016 година, работејќи со младинскиот тим, но откако бил однесен во болница со сериозни симптоми од корона вирусот му била дијагностицирана и форма на леукемија.

Гарсија е петтата жртва од корона вирусот во областа на Малага, но убедливо најмладиот, откако другите починати имаа над 70 години. По пристигнувањето во болницата, лекарите утврдиле дек тој има леукемија и поради болеста неговото тело не можело да се бори со вирусот.

Досега, во Шпанија има над 8 илјади заразени од корона вирусот од кои речиси 300 го загубија животот.

Текстот Млад шпански фудбалски тренер почина од корона вирусот е превземен од МАКФАКС.