Мицкоски: Три години без поскапување на струјата, граѓаните велат сепак е скапо

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Владата веќе трета година не ја зголемила цената на електричната енергија за домаќинствата и дека се разгледува можност таа дополнително да се намали. Но, и покрај ваквите тврдења, анкетираните граѓаните велат дека секојдневно се соочуваат со скапотија, дека цените постојано растат и дека платите немаат доволна вредност.

„Еве веќе трета година почнуваме од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да ја поевтиниме. Во времето на Владата на СДСМ и ДУИ таа порасна за една третина, цената зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи компаративни резултати и бројки, по тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажа реторика.“- Изјава премиерот Христијан Мицкоски

Анкетираните граѓани тврдат платите не се во согласност со потрошувачката. Велат тие дека пари се штедат за да се помине месецот.

„Па гледајќи како се се качува, скапо е. Се се качува, ама здравје живот да има, да сме живи и здрави. Колку има толку, така е.“

„Се се качува, секојдневно. Многу голема скапотија е, парата нема никаква вредност, платите се мали на сите општо.“

Граѓаните велат дека нивниот најголем проблем остануваат ниските плати, кои, според нив, не се доволно високи.

Дајана Сандева, М-Нет