
Трговците повеќе нема да се толерираат, доколку прават повторно трикови со цените во маркетите, ќе бидат применети мерки, кои што ќе траат до крајот на годината, рече денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Тој останува дециден дека ќе работи за граѓаните и нема да дозволи никакви трикови и измами.
,,Ги следиме сосотојбите, но доколку тоа се случи на крајот од месецот, автомоатски ке бидат применети мерки, кои што ке траат до крјот на годината. Тоа јасно го кажавме, дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои што преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услоги, пи ар и тн, а со тоа ќе се плаќа маржата која што се плаќаше во минатото на одредени маркети, слушаме, стигаат и до нас тие информации, вознемирени сме и не е добро тоа што го слушаме, затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски односи.“, рече Мицкоски
Состојбата со цените во маркетите се следи вели премиерот Мицкоски. Тој истакна дека според состанокот кој тој го оддржа со ДПИ за сега нема скок на цените во маркетите.
Инаку, по истекувањето на последната мерка за ограничувањето на над 1000 производи, од 1 Мај Државниот пазарен инспекторат врши контроли на терен за да се види дали по завршување на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производите. Ако трговците не се однесуваат како што не треба , ќе има поригорозни мерки.
Иван Митев, М-Нет