
Преполовение, Руса среда, Св. Јермија, денес се празнуваат ширум земјава. Со проткаени обичаи од стари времиња и денес исто како некогаш, се изгонуваат змиите и гуштерите во близина на човека. На овој ден домакинките подготвуваат нешто благо дали тоа баклава или сутлијаш, а за ручек подготвуваат посна храна во која нема ништо зелено, како спанаќ или зелена салата. Овие празници зависат од Велигден и секогаш се паѓаат на средината помеѓу Велигден и Духовден, задолжително во среда. Затоа освен Св.Јеремија и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден, на овој ден се чествува и Руса Среда. Верниците денес именден чествуваат Руса, Русандра, Русе и сл.
Дека порано овој празник имал голема магиска практика, согласни беа граѓаните од терен, ама децидни остануваат дека и сега обичаите се уште се присутни.
Инаку овој ден има големо значење во животот на нашиот човек. Црквата го празнува со црковни служби како црковен празник, а пак народот со свои обичаи и верувања го издигнува на ниво на народен празник.
Иван Митев, М-Нет