Мицкоски во посета на Лозово, подеднаков развој приоритет за градоначалникот Цветковски

Подеднаков развој во секое населено место, соодветна инфраструктура, опремени училишта, водоводни и канализациони мрежи – градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски по две години мандат вели граѓаните се приоритет во општината. Додаде дека она што е ветено пред граѓаните пред две години се реализира.

„Она што е важно за нас е секое населено место да биде подеднакво развиено. Согласно програмата го посетивме во Ѓоземелци каде се гради канализациона мрежа со пречистителна станица, имаме едно од најдобро опремените училишта во државата, изградени се пристапни патеки до секое училиште, а се работеше и на инфраструктурата“ – вели Цветковски.

Во посета на Лозово денеска беше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели дека за неколку месеци откако ќе се смени владата, 15 милиони денари се предвидени за Општина Лозово и проекти кои ќе се реализираат овде.

„Со скромни услови, со мал Буџет може да се направат многу работи. Ја користам приликата да му честитам на градоначалникот. За неколку месеци од денеска ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи идната Влада и еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средства кон општините за потребите на граѓаните. Целта е да се реализираат средства кои досега не биле реализирани, биле ветувани и не биле реализирани“ – додаде Мицкоски.

Посетата на Мицкоски во Лозово е дел од кампањата: ВМРО ДПМНЕ на терен со граѓаните, Важно е! Од тебе зависат промените!

Лаура Стојанова М-Нет