Мицкоски: 3,7 проценти се очекува да биде просечниот раст за следната година

3,7 проценти се очекува да биде просечниот раст за следната година, по вчерашната одржана владина седница во однос на предлог буџетот. Премиерот Христијан Мицкоски со став дека очекува третиот квартал да се движи до три проценти, додека четвртиот квартал до три и половина проценти. Додава дека не би се изненадил и ако првиот квартал догодина достигне и до четворка.

“На владината седница помина буџетот, би требало деновиве да се најде пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме 2 ипол до 3 проценти, додека во четвртиот квартал меѓу три, три и половина проценти, а не би се изненадил и ако првиот квартал догодина ако е се онака како што го проектираме да дојдеме и до четворка.“, истакна Мицкоски

Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди, од кои 32 милијарди се од буџетот, а останатите 18 од тековните програми, но и нови кои што ќе следат, додава мицкоски.

“Бидејќи такви се оние индикатори со кои што сега во моментот располагаме, има уште некој работи кои што треба да отпочне со функционирање. Некој фабрики кои што сеуште не се отпочнати. Јас очекувам во периодот кои што следи да отпочнат, така што оваа година сме, т.е проекцијата за следната година 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе. Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди, од кој 32 милијарди се од буџетот, а останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и од оние што ќе следат.“, додава Мицкоски

Она што додатно премиерот го истакна е дека очекува конечно силен комитмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите.

Лаура Стојанова, М-Нет