
Инфлацијата во државата е висока со што станува тешко да се подмират основните трошоци. Според премиерот Христијан Мицковски нивото на инфлација во последните два месеци се смирува, а со тоа се стабилизира слободниот пат на државата. Дека цените треба да се пониски едногласен е и тој и додава дека е потребно трговците максимално колку можат да ги намалат маржите на производите.
“Јас од тие информации кои што ги имам се дека нивото на инфлација последните месеци се смирува и дека на ниво од три проценти. Тоа треба да биде уште по ниско, а јас би сакал да имаме дефлација, наместо инфлација, но за жал она сеуште од високо ниво двоцифрени бројки 15,16 проценти, овие два месеца успеаве да го стабилизираме слободниот пат на државата и она кое што можем да го кажам е дека моменталното ниво на инфлација е тука. Дали треба да бидат пониски цените, да треба да бидат.“, вели Мицковски
Потребно е максимално намалување на маржите на производите од страна на трговците, додава Мицковски и додава дека политиката на оваа влада не е да подржува зголемена и вештачка потрошувачка.
„Апелирам до трговците максимално колку може да ги намалат маржите, бидејќи ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Политиката на оваа влада е да поддржува инвестиција и затоа не е политиката на оваа влада да поддржува зголемена и вештачка јавна потрошувачка. Она што го направивме во овие два месеци на оваа влада е сопирање на слободниот пат, стабилизирање на системот и институциите“, додава Мицковски
Во согласност со ситуацијата, примиерот истакна дека владата работи посветено, чесно, без криминал. Лицата кои работата во институциите работата со голема чест, а ова е доволен оптимизам дека надежта се враќа.