Оризопроизводството во најлоша позиција годинава споредено со останатите земјоделски гранки

Годинава најлош квалитет на белото злато од кочанско, велат оризопроизвoдителите како резултат на касната сеидба. Оризопроизводителите децидни дека годинава оризарите од земјоделството ќе бидат во најлоша состојба во однос на сите други гранки, воедно, посочиа дека во некој региони каде сеидбата ја започнале од 15 април до 1 мај може да се јават подобри резултати за жетвата да започне на 15 септември. Оризопроизводителите се соочуваат и со проблем во однос на цената, велат дека производната цена би изнесувала од 30 до 32 денари, но со новата реколта и ориз непродаден од лани, купувачите би биле не задоволни и би барале пониска цена од 30 денари велат оризопроизводителите.

“Квалитетот за 2024 ќе биде еден од најлошите квалитети, причината е касната сеидба, затоа што во некои региони тие што посеаа од 15 април до 1 мај ќе имаат и подобри резултати и жетвата ќе почне од 15 септември. Меѓутоа придонесите ќе бидат од 400 до 500 кг по единица декар. Проблем е цената 30 до 32 денари. За жал купувачите не сакаат и да помислат таа цена, оризот од 5000 кг на 5000 тони стое непродаден, со новата реколта ние ќе се соочиме со проблем и ќе не уценуваат и по 28 денари ќе ни го земат оризот. Што би значело дека оризарите од земјоделството ќе бидат во најлоша состојба во однос на сите други гранки.”- велат оризопроизводителите

Како што велат оризопроизводителите лошиот квалитет се должи на ненавремено пуштање на водата, несоодветни пестициди, бидејќи тие самите се снаоѓале кој како знае и мисли. Задоволството од одкупната цена и соработката е многу тешка во последните дваесетина години, а на тоа се јавува резултатот иселување на жителите.

“Од крајот на 2023 до почетокот на 2024 гофдина ние имавме цена над 30 денари за арпата, меѓутоа таа беше соодветна на рандаманот. Се уште се одиме според производната цена која пред две три години е дадена од земјоделскиот институт. Од тогаш до денес имаме промени во производствопто, употреба на повеќе хербициди и зголемени трошоци. Задоволството од откупната цена и соработката со откупувачите во последните дваесет години е многу тешка, што даде резултат во последните неколку години иселувањето да се зголеми. Тоа се покажа како факт дека главен и одговорен за целата земјоделска политика со оризопроизводството се тие.” – истакнаа оризопроизводиелите

Ориозопроизводителите додаваат дека започнале да работат на теорија за производна цена, затоа што во последните две години тие започнале да бараат од земјоделскиот институт да искалкулира производна цена. Тоа би значело најнеопходно, како што велат затоа што тоа би било основата по која би се воделе оризопроизводителите.

Лаура Стојанова, М-Нет