Мифтар со 36 погодоци најдобар стрелец во Трета лига – Север, Шкендија Арачиново има три одлични голгетери!

Изминатата сезона во Трета лига – Север шампион беше екипата на Куманово која загуби во баражот од прилепска Победа која за избори за опстанок во Втората лига, а Куманово и во новата сезона ќе игра во Трета лига – Север.

Изминатата сезона најдобар стрелец во Трета лига – Север беше Орхан Мифтар од Фортуна со 36 погодоци. На листата од второто до четвртото место се фудбалери од Шкендија од Арачиново. На второто место е Елмир Алији со 26 погодоци, на третото место е Јасир Беќири со 25 погодоци, а на четвртото место е Еркан Шаип од Шкендија Арачиново со 24 погодоци.

Јусуф Јакуповски од Пехчево со 16 погодоци е шести на листата, седми е Бејтула Авдулаи од Фортуна. Најдобар стрелец од шампионот Куманово е Андреј Јовановски со 12 постигнати погодоци.

Измианатата сезона во Трета лига – Север пет фудбалери си постигнаа автоголови.

Александар Ванев, М-Нет