Детонит Плачковица гради сериозен тим, ќе следува реконструкција на главниот терен на Градски во Радовиш!

Во новото издание на спортскиот магазин „Трибина“ на М Нет телевизија гостуваше шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, кој вели дека во најдобар ред течат подготовките, има заминувања, но има и нови играчи.

Детонит Плачковица како што веќе информираше телевизија М Нет се засили со Албан Таипи, Лука Георгиев, Панче Петров, Христијан Поп Антоски и Кирил Неделков, има неколку играчи на проба, а во следниот период ќе се промовираат и новите засилувања.

Детонит Плачковица минатата сезона заврши на 3. место и играше бараж за Прва лига, но истиот го загуби од Вардар со 2:0.

Во текот на есенскиот дел ќе започне реконструкцијата на главниот терен на Градскиот стадион во Радовиш, а Детонит Плачковица домашните натпревари ќе ги игра на друг стадион, а со оглед на страшната форма на домашен терен, за радовишани ќе биде хендикеп играњето на друг стадион.

Во новата сезона од Втората лига екипата на Детонит Плачковица одново ќе ги напаѓа местата кои водат кон Првата лига, а со тоа одново борба за историско учество во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет