
ЈП „Стипион“ интензивно работи за безбедност во сообраќајот, затоа периодов е започнато рачно и машинско обележување на хоризонталната сигнализација, улиците и пешачките премини. Најпрво крстосницата и главните улици во наслеба Сењак ќе се обележуваат, а потоа ќе се продолжи со работа и во населбите Баби, Дузлак, Автокоманда и во централното градско подрачје посочи директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски.
„Со цел поголема прегледност и безбедност во сообраќајот ЈП активно започна со рачно и машинско обележување на хоризонтална сигнализација, улици и пешачки премини. За почеток се обележуваат главните улици и крстосницата во населба Сењак. Па етапно ќе се влегува во населбите Баби, Дузлак, Автокоманда и кон централното подрачје.“ – изјави Стефановски
Посочиа дека обележувањето на хоризонталната сигнализација се врши во вечерните часови, со цел да се обезбедат услови за работниците да се намали изложеноста на сонце, а воедно да се намали и фреквенцијата на автомобили.
„Обележувањето се врши во вечерните и ноќните часови поради поголема безбедност на работниците како и подобрите временски услови и помалата фреквентност на возила во ноќните часови. Во исто време започнавме со изградба на успорувачи на сообраќај или легнати полицајци, веќе се готови кај училиштето „Коле Нехтенин“ и населбата Караорман, а во следниот период ќе се поставуваат и во населбите Чардаклија, Балканска како и на други локации во градот.“ – додава Стефановски
Истовремено се работи и со изградба на успорувачи во сообраќајот, во изминатиот период се поставиа кај средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип и во наслебата Караорман. Директорот најави дека во период кој следи успорувачи ќе се поставуваат и во населбите Чардаклија, Балканска и останати локации во градот.
Лаура Стојанова, М-Нет