
Дерби натпреварот на „Истокот“ кој што се играше во Неготино помеѓу лидерите Тиквеш и Брегалница заврши нерешено 1:1. По првите 45 минути резултатот беше 0:0 а во вториот дел поточно во 64м. Тиквеш дојде во водство од 1:0 со голот што го постигна Александар Мишов. Веднаш потоа Брегалница остана со играч помалку поради црвениот картон што го заработи Антонио Митрев. И со играч помалку Брегалница постигна гол откако судијата Мавров оправдано поради прекршок покажа на белата точка во 79 м. Сигурен реализатор на пеналот беше Мартин Стојанов со што го израмни резултатот на 1:1 што се покажа и како конечен резултат, Тиквеш – Брегалница 1:1 (0:0). Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:
Тиквеш – Брегалница 1:1
Каменица Саса – Кит Го Пехчево 2:3
Осогово – Слога В 1:1
Кожув – Победа 2:1
Плачковица – Росоман 3:0
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk