
Во мирна, фер и демократска атмосфера се одвива гласањето и во Општина Кочани. Утринава во 7 часот беа отворени сите избирачки места и нема пријавено проблеми и нерегуларности. Граѓаните гласаат на 63 избирачки места.
„32503 гласачи имаат право на глас во 63 избирачки места во Општина Кочани. Сите гласачки места се отворени во 7 часот. До сега немаме пријавено никакви неправилности, се е во најдобар ред.“ – вели Димовска Гичева.
Дел од граѓаните своето право на глас го оставрија од уринава. Очекуваат промени во градот, особено кога е во прашање чистотата и младите.
„Да бидат подобри, да гледат и за старите и за младите, повеќе за младите. За нас старите редовно да ни даваат пензии.“ – велат граѓаните.
Додаваат дека секој треба да излезе на гласање и да го оствари своето право на глас.
Во Кочани до 13 часот, согласно податоците на ДИК своето право на глас го оствариле 20,13% од граѓаните, или сличен процент како и на претходните Локални избори во 2021 година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет