Миовски стрелаше во „осумката“ на Ренџерс!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Глазгов Ренџерс од 8:0 против Квинс Парк во натпревар од шкотскиот Куп.

Ренџерс одиграа доминантен меч на „Ајброкс“, а Миовски со својот погодок даде придонес во високата победа и пласманот во следната фаза. Добрата форма на македонскиот напаѓач продолжува, а неговите настапи и понатаму се следат со големо внимание и во Македонија.