Министерот Филипче за медицинскиот кадар на инфективното одделение во болницата во Штип

14 лица од медицинскиот тим од инфективното одделение во штипската болница се во самоизолација. Постои можност да се носители на коронавирус по контакт со пациентка кај која вирусот е идентификуван после неколкудневно лекување од бронхопневмонија. За тоа како е организирана работата на ова одделение во болницата во Штип, Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави:

-„Третманот на пациентите на инфективно одделение е практично ист со третманот на пациенти на интерно одделение, сите во болницата имаат соодветна заштитна опрема. Во светот, а и кај нас за жал има заразени здравствени работници, тие се тие кои имаат непосреден контакт со пациентите, изложени се на најголемиот ризик. Во смисла на организација на работа на одделението, прераспределени се осум медицински сестри од други одделенија во КБ Штип, а лекарскиот кадар ротира, исто како што е случајот во болницата во Куманово, Дебар, на инфективната клиника во Скопје и во болницата осми септември. Постои распоред по кој лекарите ротираат под контрола на двајца координатори кои тоа га прават на национално ниво, имајќи го предвид искуството на кадарот, понатаму системот на едукација низ кој поминуваат за да работат со пациенти со дијалностициран коронавирус, согласно препораките на СЗО“.

Славица Величковска