Црн понеделник во Штип

Градежен работник од Штип почина рано утринава, на работно место го потрупа голема количина на песок. Трагедијата се случи во месноста „Ежово Поле“ во близина на Штип.

Обвинителеството нареди обдукција на телото, а полицијата изврши увид на место на настанот. Инспектор за заштита при работа треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.

Некаде околу пладне се случи уште една трагедија близу Штип, на регионалниот пат Штип-Кочани кај населба „Чардаклија“ се преврте вилушкар и возачот, лице на возраст од 38 години се здоби со тешки телесни повреди. Повредениот прво бил хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, но заради сериозноста на повредите, однесен е во Клиничкиот центар во Скопје. Заради несреќата, неколку часа беше во прекин сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани.

Славица Величковска