
Екипата на Работнички која одигра одлична есенска полусезона во Првата македонска фудбалска лига го врати Миле Тодоров по шест месеци, откако повраникот стави потпис на договор од две години.
Тодоров во Работнички доаѓа од редовите на кавадаречкиот прволигаш Тиквеш, а претходно Тодоров настапуваше за Скопје, прилепска Победа, Радник Бијелина од Босна и Херцеговина, вториот тим на Осијек и Новиград во Хрватска, а потекнува токму од младинските погони на Работнички.
Во тековната сезона 25-годишниот фудбалер од Неготино одигра 16 натпревари во Првата лига со тоа што помина 861 минута на фудбалските терени, при што имаше една асистенција за гол. Тодоров настапи и на двата европски натпревари на Тиквеш со тоа што одигра 80 минути на истите.
Работнички има 37 бодови како и Шкендија која е втора и есенскиот шампион Силекс од Кратово, а во следниот период „романтичарите“ ќе промовираа и други засилувања, а повеќе од јасно е дека промени во играчкиот кадар ќе има и во редовите на Тиквеш од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет