
ОО на СДСМ Штип со нов претседател. За новиот претседател Јане Миланов приоритет е враќање за организацијата на старите победнички патеки и враќање на довербата од страна на граѓаните. Свесен за големата одговорност која ја носи оваа оваа позиција, Миланов истакна дека ќе се работи многу.
„Би сакал во оваа прилика најпрво да се заблагодарам на нашиот претседател Димитар Ковачевски и на највисокото раководство на СДСМ за укажаната доверба. Честа да се биде претседател на општинска организација како што е Штип е огромна, но одговорноста е уште поголема. По тоа не чека тешка, макотрпна работа, да го продолжиме се она што е добро и позитивно, но и да ги корегираме сите оние работи кои се направени. Приоритет ќе биде да ја вратиме довербата кај оние симпатизери, членови, кои од било кои причини се незадоволни.“ – кажа Миланов.
Јане Миланов е долгогодишен член и партиски активист во СДСМ. Претходно беше в.д. градоначалник на Општина Штип, не предвремените локални избори, кога Благој Бочварски стана Министер за транспорт и врски. На оваа позиција Миланов беше до 13 декември 2020 година кога се одржаа предвремените избори за градоначалник во Штип.
На позиција претседател на ОО СДСМ Штип до сега беше Александар Кангалов.
Лаура Стојанова М-Нет