Полициско возило се судрило со автомобил со бугарски национални ознаки кај „Смојмирска крстосница“

На 14.03.2019 околу 18.00 часот во ОВР Берово било пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат Берово-Делчево и регионалниот пат с.Смојмирово- Обозна, на т.н.„Смојмирска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода јети“ сопственост на МВР и патничко возило „волво“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М.(40) од с.Робово, пехчевско. Во несреќата со повреди се здобиле двајца совозачи во возилата. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Берово.