Мечкаровски со последна „свирка“ во кариерата, а Шкендија е есенски фудбалски шампион

Денес се одиграа натпреварите од 18 коло на Првата Македонска фудбалска лига. На натпреварот во Тетово на натпреварот Шкендија – Пелистер судијата Димитар Мечкаровски го отсуди последниот натпревар во својата кариера за што доби пригодни подароци од претставниците на ФФМ и на раководствата на Шкендија и на Пелистер. На изненадување на сите Пелистер со гол од пенал во 92 м. успеа да ја победи Шкендија која и покрај поразот ќе презими на првото место на прволигашката табела. Се чини македонските прволигаши го чекаа последното коло и да ги искажат сите свои квалитети и ова беше вистинско коло на изненадувања. Силекс на домашен терен загуби од Академија Пандев, Шкупи дома загуби од Струга Трим Лум а Ренова победи во Ѓорче Петров. Еве ги комплетните резултати од ова последно 18 есенско коло:

  1. Шкендија – Пелистер 0:1
  2. Беласица – Вардар 0:3
  3. Македонија ЃП – Ренова 2:3
  4. Шкупи – Струга Т Л 1:2
  5. Работнички – Борец 2:1
  6. Силекс = А. Пандев 1:2

Табела

  1. Шкендија 39
  2. Шкупи 33
  3. Македонија ЃП 33
  4. Струга Т Л 28
  5. Вардар 25
  6. Борец 25
  7. Работнички 24
  8. Силекс 22
  9. Ренова 19
  10. Пелистер 18
  11. А. Пандев 17
  12. Беласица 9

Шкендија ќе презими на првото место како есенски шампион а првенството во Првата Македонска фудбалска лига ќе продолжи на пролет со натпреварите од 19 коло и тоа на 14 февруари 2021 г.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk