
Во спомен и сеќавање на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили на Македонија Влатко Петров, месната заедница Чардаклија ќе го организира 21 по ред Меморијален турнир во Мал Фудбал. Поради протоколот за здравствени мерки организаторите се принудени на турнирот да настапат осум екипи. Пријавувањето на екипите со котизација на учество од 1 000 денари е во тек и ќе трае се до 15 јули. Најдобрата, односно првопласираната екипа ќе биде наградена со пехар, маици и паричен износ од 12.000 денари а второпласираната екипа ќе се награди со маици и паричен износ од 6000 денари. Според информациите од членот на организациониот одбор Горан Ѓоргиев натпреварите ќе се одиграат на спортскиот центар во Чардаклија со надеж дека треба да се изврши реновирање со поставување на нова подлога како и изградба на трибина. За наредниот турнир во следната година се очекува олабавување на здравствените мерки за што организаторите подготвуваат вистински спектакл.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk