Меморијални фудбалски натпревари во Штип за Дамјан Танески – „Играме во чест на Даме“

На 15 март, Штип ќе му оддаде почит на прерано починатиот млад спортист Дамјан Танески, кој животот го загуби во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи минатата година на 16 март.

Штип не го заборава младиот спортист и во негова чест ќе се организира меморијални фудбалски натпревари „Играме во чест на Даме“.

Овие фудбалски натпревари во чест на Дамјан ќе се одиграат на игралиштето кај медицината, в недела со почеток од 17 часот.

Инаку, Танески во неговата кариера настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше дел од младинските категории на скопски Вардар, потоа настапуваше и за Брегалница и Кит Го од Пехчево.

Александар Ванев, М-Нет