МВР со детали за вчерашната несреќа во хотел во Штип

На 18.05.2024 во 16.24 часот во СВР Штип било пријавено дека во хотел во Штип, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.