„Марш за ангелите“ во Кочани, семејствата на починатите бараат првада за нивните деца

Со транспаретни, фотографии во рацете и денеска семејствата на починатите деца од пожарот во Пулс маршираа по кочанските улици. Голем број граѓани покажаа дека правда мора да има за трагедијата во која изгореа 62 млади лица.

„Ако инспектор молчи, акоо службеник потишува на слепо, ако министер не презема мерки тогаш вината не е индивидуална туку и државна. Државата има одговорност.“ вели Лазарова.

Секој кој со своето дело придонел за оваа трагедија да биде изведен пред лицето на правдата, побараа семејствата на починатите деца. Додадоа дека нема да молчат и до крај ќе се борат за правда.

Маршот денеска се одржа по повод шест месеци од трагичниот настан во кој животот го изгубија 62 лица. Присутните маршираа од Паркот на револуцијата до судот и јавното обвинителство, полицијата, управата за јавни приходи и повторно завршувајќи во паркот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет