Марушиќ, Ибраими или Радески, кој ќе биде најдобра стрелец во Прва лига?

ФОТО: Телевизија М Нет

На едно коло до крајот и понатаму дилемата кој ќе биде најдобра стрелец во Првата македонска фудбалска лига.

Црногорецот Алекса Марушиќ кој настапува за Воска Спорт од Охрид е прв на листата на стрелци со 16 постигнати погодоци на овие 32 одиграни првенствени натпревари, додека пак на делба на второто место со по 15 погодоци се двајцата фудбалери на старо-новиот шампион Струга Трим Лум, Бесарт Ибраими и Марјан Радески.

Дефинитивно во последното коло ќе се води борбата меѓу овие тројца фудбалери односно Марушиќ, Ибраими и Радески за тоа кој да биде најдобар стрелец во фудбалската елита на Македонија.

Во последното 33. коло Струга на домашен терен ќе игра против Шкупи, додека пак Воска Спорт на домашен терен сезоната ќе ја заврши против Гостивар.

Александар Ванев, М-Нет