
Уште една промена во директорската функција во штипските училишта. Нов директор доби и средното медицинско училиште Јане Сандански во Штип. На местото на Маја Гичева во директорската фотелја седнува Марија Николиќ. Според првиот човек на град Штип промените се случуваат бидејќи старите директори си поднесуваат оставки. Таков е случајот и со Гичева која сама си поднела оставка од директорската функција. Николиќ е внатрешно решение и претходно работеше како инструктор во училиштето. Гичева на оваа позиција беше помалку од две години. Инаку , претходно промена на директорските места се направи во неколку основни и средни училишта во Штип. Кај сите стануваше збор за дадена оставка од страна на директорите, освен во штипската гимназија каде директорот беше променет заради неправилности во работењето.