Пронајдени фалсификувани рецепти во Пробиштип

На 13.05.2022 од страна на полициски службеници во Надворешната канцеларија за криминалистички работи извршен е службен разговор со И.Б. од Пробиштип, кој се сомничи дека искористил згодна прилика да фалсификува три рецепти за издавање на лекарства на наркозависници. За таа цел полициски службеници извршиле проверки во здравствена ординација во Пробиштип и во аптеки на подрачјето на Пробиштип, при што е констатиран направениот фалсификат, а рецептите се пронајдени и одземени од една од аптеките. За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Штип и по негово целосно документирање ќе се следи поднесок.