Музиката е уметност добро познатата изрека музиката е лек за душата, но и за телото. Слушањето на музиката е едно од најчестите хобија и постојат многу луѓе кои денот го започнуваат и завршуваат со музика. Претставува музичка терапија, која помага во физичкото и емотивното лекување. Со еден збор без музика не се живее, дел од нашето секојдневие исто како и за младата и талентирана Марија Ичкова. Која веќе 7 години активно се занимава со музика како што и самата вели дека, е неизоставен дел од нејзиниот живот. Со глобалната пандемија Ковид-19 што го обиколи светот се одрази врз музичката индустрија. Па, многу настани и планови не беа реализирани. Постојат позитивни и негативни страни сепак, за мене позитивни бидејќи, посветив повеќе внимание на самата себе. Изјавува, Ичкова.
„Сите сме свесни за моменталната ситуација и секој на различен начин ја доживуваме. Постојат позитивни и негативни страни, но лично мене ми донесе позитивни. Бидејќи, посветив многу внимание на самата себе“. Изјавува, Ичкова.
Со оглед на ситуацијата дали младите пејачи се поддржани од државата? Со свој личен став и мислење вели дека, многу настани се откажани но, сепак младите пејачи ја имаат потребната поддршка од државата. Се надева на подобрување на ситуацијата и наскоро појавување на сцена“. Изјавува, Ичкова.
Кога станува збор за ново на музички план Ичкова вели дека, се работи но не може да открие кога да се очекува но се разбира медиумите ќе бидат известени.