Марио Наумоски е првото засилување на Пелистер

Второлигашот Пелистер го претстави Марио Наумоски како прво засилување за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

22-годишниот Наумоски треба да го зацврсти средниот ред на Пелистер и да биде големо засилување во пролетната борба за местата кои водат во фудбалската елита на Македонија.

Наумоски доаѓа од редовите на прилепска Победа, од каде и ја започна кариерата, а таму соработуваше токму со новиот тренер на битолчани Бобан Бабунски. Во својата кариера Наумоски наастапуваше и за штипска Брегалница.

Пелистер презими на четвртото место на табелата со 30 бодови, а во пролетниот дел ќе води тешка борба со лидерот Гостивар, Вардар и Воска Спорт за првите две места кои директно водат во Прва лига и за третото место кое преку бараж со десеттопласираниот прволигаш обезбедува промоција во ПМФЛ.