Се работи на поголем дефект во водоснабдувањето, обезбедени цистерни за граѓаните во Штип

Поради поголем дефект на Линија 1, без вода ќе останат повисоките места во Штип. ЈП Исар извести дека, локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП Исар, поточно во населбата Дузлак. Во консултација со службите на ЈП Исар, санацијата на дефектот треба да трае од 6 до 8 часа. Од овие причини ЈП Исар реши за граѓаните да обезбеди техничка вода од цистерна. Цистерната ќе биде на три пункта/ локации:

  1. Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на ул. Христијан Карпош кај спортското игралиште.
  2. Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на ул. Радански пат во близина на продавница Палестина.
  3. Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.