„Малеш Куп“: PUB Делчево и Борово Стебло – Тони и Синовето во големото финале

Синоќа беа одиграни полуфиналните натпревари од ноќниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово.

Во првиот полуфинален натпревар регуларниот дел заврши со по еден гол во мрежата Манто 2013 и PUB Делчево ремизираа играјќи 1:1, а во пенал серијата подобра беше екипата од Делчево и патува во големото финале.

Во вториот полуфинален натпревар екипата на Борово Стебло – Тони и Синовето со минимални 0:1 го совлада Еклектик и обезбеди финале.

Вечерва стартуваат финалните натпревари со што ќе биде затворен „Малеш Куп 2023“.

Вечерва ќе биде отворена со натпревар на младите играчи на ОФК Малеш кои настапуваат во Детската лига Исток од 19 часот. Натпреварот за третот оместо се игра во 20:15 часот, а играат Еклектик и Манто 2013, додкеа пак Борово Стебло – Тони и Синовето и PUB Делчево во 21:15 часот ќе го одиграат финалето.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Берово.